Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, смета дека неговите играчи лошо влегле во натпреварот на „Санчез Писхуан“, поради што на крајот беа убедливо поразени од Севилја (3:0).
„Одигравме лош натпревар. Лошо почнавме, а идеата ни беше да притиснеме силно од самиот почеток. Противникот прикажа одличен фудбал. Во второто полувреме изгледавме подобро, имавме и некои шанси, некакви можности за гол…Сепак мора да го прифатиме поразот и да и честитаме на севилја“, рекол Лопетеги.
Тренерот на „кралскиот клуб“ пред новинарите не сакал да прави подлабоки анализи за неуспехот. во Андалузија.
„Не се согласувам дека поразот е поврзан со менталитетот. Постојат многу причини што не одведоа во пораз. Тое се случува во првенството. Викендов играме против Атлетико и веќе во мислите ние тој натпревар“, завршил Лопетеги.
Дербито на Мадрид ќе се игра в сабота од 20:45 часот, на „Сантијаго Бернабеу“.