Севилја не успеа да го мине осмина-финалето во Лигата на шампионите. Во два натпревари со вкупен резултат 4:5, Севилја испадна од Борусија Дортмунд.
Патникот во четврт-финалето го одреди првиот меч во Севилја, кој им припадна на „милионерите“ со 2:3. Во реваншот, во Дортмунд, Севилја избегна пораз во 96.минута, кога Ен Несири погоди за 2:2.
Во Севилја се сметаат дека не заслужиле да испаднат.
„Можевме да се пласираме понатаму, го заслуживме тоа. Тимот играше одлично, добро напаѓавме, добро се браневме, игравме со срце. Не сме наградени за таквиот пристап. Во три од четирите полувремиња бевме подобри од Борусија. Карактерот, решителноста и менталитетот на тимот беа фантастични“, рекол тренерот на Севилја, Хилен Лоптеги.