Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, не сакал да ги коментира шпекулациите дека наскоро ќе добие отказ, туку рекол дека екипата мора да игра подобро. Лопетеги се цел на жестоки критики бидејќи Реал нема победа на последните пет натпревари, на кои постигна само еден гол.
„Овој тим е жив, возбудени сме пред мечот во Лигата на шампионите. Ова е силна екипа, полна со шампиони и сериски победници. Тоа не е случајно. Шампионите секогаш знаат да се кренат во тешките моменти“, рекол Лопетеги, потенцирајчи дека не читал што пишуваат новинарите.
„ДНК на овој клуб е да се бори. Тоа ние ќе го направиме, заедно играчите и стручниот штаб. Знаеме дека треба да бидеме подобри. Концентрирани сме на сегашноста и целосно сме мотовирани да покажеме дека последните резултати не влијаеле врз нас“, изјавил тренерот на Реал.
Реал Мадрид, вечерва од 21 часот, ќе го пречека тимот на Викторија Плзењ.