Top Sport

Лопетеги сам им се нудел на Американците па добил „корпа“

Американците експресно демантираа дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја.

Медиумите во САД објавија дека Лоптеги бил заинтересиран за ова работно место, што наишло на изненадување кај водечките луѓе во Фудбалската федерација на САД.

Тие само го информирале дека речи во завршна фаза биле преговорите со човекот кој треба да ја преземе репрезентацијата и одбиле дури и да го повикаат на интервју.

Американците наскоро треба да го именуваат Грег Берхалтер за нов селектор.

„Јенките“, речиси една година се во потрага по селектор, откако Брус Арина неуспешно ги мина квалификациите за Светското првенство во Русија, а потоа доби отказ. по заминувањето на Арина како привремен селектор е назначен Дејв Сарачан.

Тој синоќа во пријателскиот меч против Италија последен пат ја водеше репрезентацијата на САД.

Scroll to Top