Никлас Бендтнер е единствениот фудбалер на планетата кому навивачите му дадоа прекар „Лорд“ поради неговите квалитети на фудбалскиот терен, но и поради неговиот карактер, бидејќи данскиот фудбалер останува еден од најзалудно потрошените таленти.
Поранешниот фудбалер на Арсенал, сега признава дека потрошил фантастични 7 милиони евра на покер, но демантира дека е зависник.
„Не сум сигурен, не сум пресметувал, но загубив околу 7 милиони евра на покер. Играв со професионалци, но не сум зависник. Една вечер во едно казино во Лондон загубив премногу пари. Многу, многу пари. Но, оттогаш играм на мали суми и само со пријатели за забава“, вели Бендтнер, кој неодамна доби отказ од Копенхаген.