Top Sport

Лоша вест за „милионерите“: Халанд паузира еден меч, Даху во аут до крајот на сезоната

Норвешката гол-машина Ерлинг Халанд нема да може да настапи на следниот меч на Борусија Дортмунд кај Падерборн, додека Мо Даху е во аут до крајот на сезоната поради повреда, потврди тренерот на тимот, Лусиен Фавр.

Халанд, кој има 10 гола во 11 бундеслигашки мечеви по трансферот од Салцбург во јануари има повреда на коленото, додека Даху има „посериозна“ повреда на коленото, потврди Фавр. Ова доаѓа по 1:0 домашниот пораз од лидерот Баерн Минхен по кој заостануваат седум поени зад нив.

„За жал, Даху ќе го пропушти остатокот од сезоната, додека ниту Ерлинг Халанд нема да може да игра против Падерборн. Се работи за мал проблем со Даху, но не може да продолжи“, потврди Фавр.

Дортмунд ќе се обиде да се врати во форма против Падерборн, последнопласиран тим на табелата со само четири победи оваа сезона.

Scroll to Top