Top Sport

Лоши вести за Интер, Наинголан ќе паузира подолго време

Интер потврдија дека нивниот нов играч од средниот ред, Раџа Наинголан ќе паузира неколку недели, стартувајќи со дуелот од Лигата на шампионите во среда против Барселона, откако го повреди скочниот зглоб во дербито на Милано во неделата.

30-годишниот Белгиец, кој дојде од Рома за 38 милиони евра во текот на летото, се повреди во првото полувреме по старт на Лукас Билја од Милан.

„Резултатите потврдија дека тој го има повредено левиот скочен зглоб. Паузата ќе биде подолга, околу шест недели, но вистинската прогноза ќе ја добиеме следната недела“, се вели во соопштението на Интер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top