Top Sport

Лоши вести за Јуве, Погба уште не почнал ниту да трча

Камбекот на Пол Погба во дресот на Јувентус најверојатно ќе биде одложен, откако неговата рехабилитација по операцијата на коленото не оди најдобро и тој уште не почнал ниту да трча на тренинзи, тврди порталот „Goal“.

Погба се врати во Јуве од Манчестер јунајтед во текот на летото, но го повреди менискусот на коленото во пр-сезоната и воопшто нема официјален настап за „бјанконерите“. 29-годишниот Французин прво се обиде со терапија да го реши проблемот за да не го пропушти Светското првенство, но потоа на инсистирање на лекарите на Јувентус беше на операција на почетокот на септември. Масимилијано Алегри го очекуваше назад на терените на 13 јануари против Наполи, но според италијанските извори ова е тешко веројатно.

Во исто време, Јувентус има турбулентна сезона, на теренот и надвор од него, по истрагата за финансиски неправилности и оставката која ја поднесе цел борд на тимот, предводен од претседателот Андреа Ањели. Јувентус се враќаат во акција на 4 јануари со гостувањето кај Кремонезе.

Scroll to Top