Контроверзниот претседател на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека кога го „спасил“ клубот од пропаѓање во 2004 година, постоел долг од неверојатни 550 милиони евра и приход од само 84 милиони евра.
Лацио беа блиску до банкрот при крајот на владеењето на Серџо Крањоти и покрај тоа што во 2000 ја освоија италијанската титула. Лотито го откупи тимот во 2004 и успеа да го стабилизира, славно со своето „штедење“ и со расправање за секое евро, како со трансферот на Горан Пандев во Интер, со што го навлече бесот на македонскиот капитен.
„Кога влегов во светот на фудбалот, Лацио имаа приход од 84 милиони евра и долг од 550 милиони евра. Клубот беше ефективно банкротиран и јас преземав одговорности од 1.7 милијарди евра и сите велеа дека сум луд. Но, тоа беше предизвик за мене. Не можеме да сметаме дека еден фудбалски клуб може да поддржуван само од еден човек кој ги дава парите, ние сме компанија која е на берзата и мораме да прикажуваме профит. Јас инвестирав мозок во Лацио и тоа ни донесе резултати, ние имаме најмногу титули по Јувентус оваа деценија. Денеска имаме 200 милиони евра во посед и тим вреден 600 милиони евра“, вели Лотито.