Контроверзниот претседател на Лацио, Клаудио Лотито го нападна сопствениот состав и тренерот Симоне Инзаги, предупредувајќи ги дека мораат да ја „исплатат“ повисоката плата која ја добиваат и да го следат неговиот пример.
Во интервју за „Кориере дело спорт“, Лотито вели дека потенцијалните слаби резултати нема да бидат негова вина додавајќи дека „да бев јас на теренот ќе имавме подобри резултати“.
„По Јувентус, Лацио се клубот кој освои најмногу во последните осум години. Фиорентина не освои ништо, Наполи помалку од нас. Имаме седум фудбалери во У-15 репрезентацијата на Италија, се жртвуваме за иднината, не бараме брзи решенија, туку градиме дух на жртвување. Затоа сме клуб за пример. На мојот тим му недостасува малку карактер на нивниот претседател да одат на следното ниво. Некои се родени да се лигават, другите да шетаат, а некои да се борат. Јас сум фајтер и сигурен сум дека со поголема посветеност ќе има резултати. Лут сум на овие играчи, бидејќи мора да дадат повеќе. Му дадов на Симоне Инзаги тим како Ферари и мора да се вози така“, изјави Лотито.
Тој додава дека повисоката плата треба да биде мотивација.
„Им ја покачив платата бидејќи сакав да бидат задоволни. Платив екстра, така што тие мора да ми вратат на теренот. Ова е сезоната во која мора да ми платат. Не ми се чека веќе. Барам резултати. Ги плаќам овие играчи да победуваат, бидејќи во спротивност можам да го ставам целиот младински тим на терен“, додава Лотито.