Top Sport

Лотито го „кара“ Инзаги, во Лацио велат нема проблем (видео)

Лацио најави тужба против лицето кое ја објави на Јутјуб расправијата помеѓу претседателот на клубот, Клаудио Лотито и тренерот Симоне Инзаги, во кое лутиот претседател му порачува на тренерот дека „има тим кој вреди 10 пати повеќе од другите“.

Лацио загубија со 2:1 од Наполи во саботата, пораз кој очигледно не помина добро кај претседателот на клубот, кој го обвини Инзаги дека „се жали за сè и сешто“.

„Симоне, јас одлучувам, не ти. Ти кажувам на секој можен начин, сакам да бидам сигурен кои се повредени, а кои не се. Ти секогаш се жалиш за сè и сешто, а имаш тим кој е 10 пати повреден од другите“, се слуша Лотито на снимката.

Од Лацио не се обидоа да ја демантираат вистинитоста на снимките, но портпаролот Артуро Дјаконале најави тужби.

„На почетокот на сезоната е многу ’жешко’ против Лацио. Сите работи се вадат од контекст. Прво е најјасното – приватни разговори не треба се објавуваат на ваков начин и секој има право на приватност, за тоа ќе работи нашиот легален тим. Другата тема е содржината. Се работи за нормална дискусија меѓу претседател и тренер. Секој тренер сака да има 11 Роналда во тимот, а претседателот треба да каже дека тоа не е можно. Нема конфликт меѓу Лотито и Инзаги, туку само разговор. Клаудио Лотито е страствен човек и може да влезе во расправија во еден час и да биде мирен во следниот момент. Инзаги пак, е еден од најодмерените луѓе кои ги познавам и во петок ќе одговара на прашања на прес-конференција“, изјави Дјаканоле.

Scroll to Top