Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, рекол дека клубот нема намера да го продаде Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) и дека од Јувентус никогаш не покажале интерес за овој фудбалер.
Минатата недела медиумите шпекулираа дека Јувентус ги започнале преговорите со фудбалерот и дека прашање на денот е кога тој ќе стане играч на „старата дама“. Лотото за „Скај спорт Италија“ ги негира овое тврдења и шпекулации.
„Милинковиќ-Савиќ не е на продажба. Вистина е дека во случај на некоја добра понуда ќе седнеме и ќе преговараме“, рекол Лотито и дополнил.
„Јувентус никогаш не се распрашувале за Сергеј, а познавајќи ги кави се таму, тие никогаш нема ниту да прашаат за него“.
СМС е прогласен за најдобар играч од редот за врска во Серија А, а неодамна со својот гол против Аталанта им помогна на Лацио да го освојат Купот на Италија.