Сопственикот на фудбалските клубови Лацио и Салернитата, Калудио Лотито, има рок од 30 дена да го продаде својот капитал во клубот од Салерно. Серија А не дозволува еден човек да биде сопственик на два клуба кои се натпреваруваат во елитниот ранг на италијанскиот фудбал.
„Тоа правило е донесено според препораките на ФИФА. На професионално ниво не е дозволено да се има сопственост над повеќе од еден клуб“, рекол претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина.
„Правилата се јасни, тој не може да продолжи да биде сопственик. Доколку сака да остане така тогаш Салернитана наредната сезона нема да може да учествува во Серија А“, дополнил Фравина.
Салернитана, синоќа, по пауза од 23 години се врати во Серија А.