Претседателот на римски Лацио, Клаудио Лотито вели дека не му е жал што минатото лето не го продаде српскиот фудбалски интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ иако наводно му понудиле за него 160 милиони евра.
„Не жалам што не го продадов СМС за 160 милиони евра! Финансиски тоа би било одлично. Му дадов ветување на тренерот, а не сакав да ги разочарам ниту навивачите. Фудбалот не е само работа“ вели Лотито за „Темпо“.
Претседателот на римскиот клуб вели дека не е скржав како што го прикажуваат во јавноста.
„Се смеам која ќе чујам како луѓето зборат дека трошиме малку пари. Јас сум мнозински сопственик, но морам да ги застапувам и интересите на малцинските акционери. Лацио троши многу пари секоја година, а тоа го потврдуваат и бројките“ – вели Лотито.