Top Sport

Лотито: Сакам „бесен“ Лацио против Интер!

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито им порача на фудбалерите на неговиот клуб дека сака да ги види како играат со „истата посветеност и спортски бес“ против фаворизираниот Интер во недела навечер.

Лацио се на третото место на табелата во Серија А, само еден поен зад заедничките лидери Интер и Јувентус и мечот на „Олимпико“ може на крајот да се покаже како клучен.

„Се надевам дека во недела навечер против Интер ќе го видиме Лацио со истата посветеност и спортски бес со кои стигнавме до овие резултати оваа сезона“, изјави Лотито за новинската агенција „Анса“.

„Бјанкочелестите“ немаат пораз во 18 кола, што претставува нов рекорд за клубот и можат да избијат на првото место на табелата доколку Јувентус потфрли.

„Не верувам дека тим како Јувентус може да биде во криза. На сите може да им се случи да не ги остварат своите цели во натпревар или два, но Јуве играат на толку високо ниво што очекувам борбата за титулата да биде неизвесна до крај“, вели Лотито.

Scroll to Top