Top Sport

Ловрен и Салах си ги „мереа“ стомачните мускули

Мохамед Салах доби предизвик од својот колега од Ливерпул, Хрватот Дејан Ловрен околу тоа кој има подобри стомачни мускули и подобра физичка подготвеност.

Салах полека се враќа во форма по повредата на рамото добиена во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а сега Ловрен преку социјалните мрежи го предизвика за неговите „3 отсто масти во телото“.

„Му кажав да почека и да не ја објавува фотографијата со 3 отсто од масти. Бев толку блиску, заостанував само 20 месеци. Но, не се предавам“, напиша Ловрен.

Scroll to Top