Барселона има план да ја зацврсти својата одбрана во јануари со шокантен трансфер на хрватскиот бек на Ливерпул, Дејан Ловрен, јавува „Ел мундо депортиво“.
Блауграна е во дефанзивна криза откако прво на крајот на септември се повреди Самуел Умтити, а несреќниот Томас Вермален ќе паузира шест недели по уште една повреда.
29-годишниот Ловрен дојде во Ливерпул од Саутемптон во 2014 за 22.5 милиони фунти и оттогаш има 154 натпревари за „црвените“ во сите натпреварувања. Иако едно време беше дел на критики на „Енфилд“, во 2017/18 имаше една од најдобрите сезони со 43 настапи во сите натпреварувања и пласман во финалето на ЛШ.
По ова следуваше среброто со Хрватска на СП во Русија, но оваа сезона тој има само два настапи за Ливерпул борејќи се со повреди.