Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен би можел да го напушти Ливерпул во летниот преоден рок. Интерес за неговите услуги покажале три клуба од Серија А.
Ловрен, во Ливерпул пристигна од Саутемптон, а претходно играл за Лион и Динамо Загреб. Иако често е критикуван од медиумите и навивачите, тој ја има довербата на менаџерот Јирген Клоп.
Оваа сезона има проблеми со повредите, поради што не играше два и пол месеци.
Ливерпул бо можеле да го продадат Ловрен за 25 милиони фунти, а како што објавија медиумите во Италија, сериозен интерес за него покажале Рома, Наполи и Интер.