Ајакс го потврди пласманот во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, по 3:1 победа на гостувањето кај Штурм во Грац, додека Селтик одигра 0:0 кај Розенборг за да се приклучи на холандскиот гигант.
Ајакс, кој во првиот меч победи со 2:0, дојде во водство преку ветеранот Клас-Јан Хунтелар во 39. минута, а новото засилување Душан Тадиќ во 48. минута зголеми на 2:0 ставајќи ги сите сомнежи за пласман во втор план. Хунтелар уште еднаш стрелаше во финишот на натпреварот, пред Ајакс да си постигне автогол во 89. минута. За Ајакс сега следува соседски дуел со белгискиот претставник, Стандард Лиеж.
Селтик, пак, по 3:1 победата во Шкотска, одигра меч без голови против Розенборг, за да го потврди дуелот со ПАОК во третото квалификациско коло.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ, 2.КОЛО
Штурм Грац (Авт) – Ајакс (Хол) 1:3, прв меч 0:2, вкупно 1:5
Розенборг (Нор) – Селтик (Шко) 0:0, прв меч 1:3, вкупно 1:3