Холандскиот вице-шампион, АЗ Алкмаер успеа да се пласира во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите на најдраматичен можен начин, победувајќи го чешкиот Викторија Плзењ со 3:1 по продолженијата.
Давид Лимберски ги донесе гостите во водство во 78. минута и гостите беа пред сензација, кога во 95. минута со гол од пенал на Теун Копмајнерс беше осигурано продолжение.
Во продолженијата младиот исландски репрезентативец Алберт Гудмундсен постигна два гола за пласман во третото коло.