Top Sport

ЛШ: Јуве на Реал, Ливерпул против Сити

Јувентус и мадридски Реал минатогодишните финалист во Лигата на шампионите, оваа сезона ждрепката во Нион ги спои во четврт-финалето.

Топ 8 фазата во елитното натпреварување ќе ја обележи и англиската пресметка помеѓу Ливерпул и Манчестер сити.

Во останатите две двојки Барселона и Баерн ќе ја имаат фаворитската улога.Барса ја извлече Рома, а клубот од Минхен ја доби Севилја.

Четврт-финалните натпревари ќе се одиграат на 3/4 април, а реваншите се на програмата на 10/11 април.

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра во Киев на 26 мај.

Scroll to Top