Top Sport

ЛШ полувреме – Младите момци на Дортмунд пак блескаат, Шериф со прво водство во ЛШ!

Борусија Дортмунд има 0:2 водство во Истанбул против Бешикташ во првото коло од Лигата на шампионите, инспирирани од фантастичниот Џуд Белингам кој заврши со гол и асистенција, додека дебитантот во ЛШ, Шериф има 1:0 водство против Шатхјор во својот прв меч во групната фаза.

Белингам прво во 20. минута од мечот ја реализираше одличната акција по асистенција на Томас Муние, а во финишот на полувремето да му асистира на Ерлинг Халанда за убедливо водство на „милионерите“.

Во Молдавија пак, Шериф, најголемото изненадување во квалификациите за ЛШ има 1:0 водство од 16. минута со голот на Траоре.

Scroll to Top