Дербито на петтото коло во Лигата на шампиони помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ засега не разочара, откако по првите 45 минути е 1:1 бидејќи двата тима со малку среќа стигнаа до голови.
ПСЖ, желни за одмазда против „ѓаволите“ по домашниот 1:2 пораз, први „удрија“ преку Нејмар во осмата минута по една одбиена топка, а Маркус Рашфорд трет меч во низа против „светците“ да постигне гол со многу среќа кога неговиот одбиен удар заврши во мрежата во 32. минута.
Во другите мечеви, Барса веќе има 3:0 водство кај Ференцварош, Оливие Жиру ги донесе Челси до 1:0 водство против Севилја, додека Јувентус има 1:0 против Динамо Киев благодарејќи на првиот гол во дресот на „бјанконерите“ на Федерико Киеза.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ
Борусија Дортмунд – Лацио 1:0
Клуб Бриж – Зенит 1:0
Ференцварош – Барселона 0:3
Јувентус – Динамо Киев 1:0
Манчестер јунајтед – ПСЖ 1:1
Севилја – Челси 0:1
Le but de Neymar? pic.twitter.com/4GQlyrHVbF
— NeymarFR (@NeymarFr_) December 2, 2020
Marcus Rashford’s strike makes it (1-1) for #MUFC. pic.twitter.com/UW15jJkJSs
— CD – Goals (@CD_Goals) December 2, 2020
GOL | Juventus 1-0 Dinamo Kiev, 21′ Federico Chiesa
Anlık goller için —> @143spor pic.twitter.com/5AbBRb5jw2
— TSL Anlık Goller | Takip @143spor (@anlik_goller) December 2, 2020