Top Sport

ЛШ: Седум номинирани од Баерн, ги нема Меси и Роналдо

Баерн Минхен ја освоија Лигата на шампионите, Баварците на патот до трофејот победија на сите натпревари. Поради тоа логично е што во изборот за најдобрите во елитното натпреварување номинации добија седум фудбалери на Баерн.

Традиционално се бираат најдобар голман, дефанзивец, играч од редот за врска и напаѓач.

Меѓу номинираните се Мануел Ноер, а покрај него во конкуренција за најдобар голман се Јан Облак (Атлетико Мадрид) и Кејлор Навас (ПСЖ).

Тројцата номинирани за најдобар дефанзивец се Алфонсо Дејвис, Џошуа Кими и Давид Алаба.

Двајца од Баерн се номинирани и во редот за врска: Тијаго Алкантара и Томас Милер, покрај нив тука е и Кевин Де Брујне од Манчестер сити.

За наградата најдобар напаѓач фаворит е Роберт Левандовски, а конкуренти му се Нејмар и Килијан Мбапе од ПСЖ.

Овие награди се доделуваат од 2011 година, а интересно е што прв пат меѓу номинираните ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Scroll to Top