Top Sport

ЛШ: Селтик не успеа да направи предност против АЕК (видео)

Шкотскиот шампион Селтик одигра само 1:1 со АЕК во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите и покрај тоа што гостите од Атина речиси цело второ полувреме го одиграа со играч помалку.

Калам Мекгрегор им донесе предност на Селтик во 17. минута, меѓутоа Виктор Клонаридис во 44. минута успеа да израмни. Гостите останаа со 10 играчи откако Константинос Галанопулос заработи два жолти картони за седум минути и излезе од игра во 57. минута од мечот.

По ова, гостите одиграа дефанзивно, а и покрај тоа што имаа неколку шанси, тимот на Брендан Роџерс не успеа да дојде до предност.

Scroll to Top