Top Sport

ЛШ: Спектакли во Амстердам и Манчестер

Вечерва, во Лигата на шампионите, првите четврт-финални натпревари ќе ги одиграат Ајакс и Јувентус, односно Манчестер Јунајтед и Барселона.

Ајакс нема што да загуби против еден од фаворитите за титулата, Јувентус. Од таборот на холандскиот шампион најавуваат дека нема да отстапат од својата напаѓачка определба, без оглед на тоа што против себе ќе го имаат Кристијано Роналдо.

Сите надежи во Амстердам ги полагаа во Душан Тадиќ, кој ира брилијантна сезона и речи сам во претходната рунда го победи Реал во Мадрид.

„Знаеме што не чека, ќе биде многу тешко. Тие знаат одлично да се бранат, тешко примаат голови, но ние нема да се откажеме од нашата игра. Ќе се обидеме да ја контролираме играта и поседот на топка, ќе се обидеме да ја притиснеме нивната одбрана“, рекол Тадиќ.
Јувентус ќе биде со Кристијано Роналдо во тимот, меѓутоа проблем за тренерот Масимилијано Алегри ќе биде неиграњето на клучниот човек во одбраната, капитенот Џорџо Кјелини, а мечот ќе го пропушти и Емре Џан.

Овие два тима досега имаат одиграно 12 натпревари, Јувентус е поуспешен со шест победи, два пати победил Ајакс, а четири пати било нерешено.

Можни состави:

Ајакс: Онана – Велтман, Де Лихт, Блинд, Таљафико – Ван де Бек, Шене, Де Јонг – Зијеч, Тадиќ, Нерес

Јувентус: Шчешни – Де Шиљо, Бонучи, Ругани, Алекс Сандро – Бентакур, Пјаниќ, Матуиди – Бернардески, Манџукиќ, Роналдо

На „Олд Трафорд“ гостува Барселона, според прогнозите најголемиот фаворит за титулата.

Пресметката во Манчестер ќе биде 12 помеѓу Јунајтед и Барселона. „Црвените ѓаволи“ победите три пати, Барса имаат победа повеќе, а четири пати нивните дуели завршувале без победник.

Две од четирите победи Барселона забележала во финалните мечеви во Лигата на шампионите, во 2009 и 2011 година.

„Ние сме Јунајтед и сме еден од најголемите клубови во фудбалот. Не се плашиме, туку го почитуваме противникот. Мораме да веруваме во нашите можности. Доколку го имаме моментумот на наша страна ќе одиграме добар меч. Тоа е она на што сме фокусирани, ќе се бориме за нешиот клуб и нашите навивачи“, рекол Хуан Мата, кој п завршувањето на сезоната се поврзува со трансфер во Барселона.

Можни состави:

Манчестер Јунајтед: Де Хеа – Јанг, Линделоф, Смолинг, Шо – Матиќ, Ерера, Погба – Лингард, Рашфорд, Марсијал

Барселона: Тер Штеген – Серхи Роберто, Пике, Ленгле, Алба – Бускетс, Видал, Артур, Ракитиќ – Суарез, Меси

Scroll to Top