Top Sport

Луд финиш и неверојатен пресврт на Ница – од 0:2 до 3:2 за 12 минути!

Ница на Криштоф Галтие, тренерот кој лани ги предводеше Лил до француската титула, стигна до апсолутно неверојатна 3:2 победа над Лион за да се искачи на второто место во Лига 1 и покрај тоа што до 81. минута од мечот губеа со 0:2.

Кари Токо Екамби во 34. минута ги донесе гостите на водство на „Алијанц ривиера“, а кога Хусем Ауар во 68. минута зголеми на 0:2 изгледаше дека поените си заминаа од Ница.

Јусеф Атал во 81. минута ја врати надежта на домаќините, а мечот се „сврти“ кога Тино Кадевере доби црвен картон оставајќи ги Лион со играч помалку. Анди Делор во 89. минута од пенал израмни на 2:2 за Еван Гесан во 93. минута да го комплетира неверојатниот пресврт.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top