Интересен, динамичен и возбудлив меч одиграа екипите на Парма и Сампдорија во рамки на 34 коло во Серија А.
На крајот славеа гостите со 3-2 иако на полувреме предност од 2-0 имаше домашната екипа.
Жервињо го отвори резултатот во 18 минута за радост на домаќините.
Парма во 24 минута поведе со 2-0, но ВАР го поништи голот поради офсајд.
Сепак упорноста на домаќините се исплатеше, играа офанзивно, па го натераа гостинскиот играч Березински да си постигне автогол за предност од 2-0 по првиот дел.
Во второто полувреме сосема поинаква слика на теренот.
Гостите од Џенова го намалија водството на домаќинот во 48 минута, стрелец Шабот.
Во 69 минута Кваљарела погоди за израмнување 2-2, а во 78 минута Бонацоли се погрижи за комплетен пресврт, 3-2.
До крајот на мечот имаше уште неколку изгледни прилики на двете страни, но промена во резултатот немаше.
Сампдорија и Парма по овој меч се на позициите 12 односно 13 и се безбедни од зоната за испаѓање.