Top Sport

Луд неделен шпански меч – Севилја пропушти 2:0 предност, но победи со гол во 94. минута (видео)

Севилја стигна до неверојатна 3:2 победа над Осасуна со гол во 94. минута, откако гостите се вратија од 2:0 за 2:2 на „Рамон Санчез Писхуан“ и покрај тоа цело второ полувреме го играа со играч помалку.

Новиот напаѓач на тимот, Јусеф Ел Несири уште во 13. минута им донесе на Севилја водство, пред Лукас Окампос да зголеми на 2:0 во финишот на полувремето. Кога голманот на Осасуна, Ерера во 54. минута играше со рака надвор од шестнаесетникот и доби црвен картон, изгледаше дека победата на Севилја е сигурна.

Меѓутоа, Осасуна само 10 минути подоцна преку Ернанде намали на 2:1, за во 74. минута со гол од пенал да израмни на 2:2. Сепак, Ел Несири се покажа како „спасител“ на тимот на Хулен Лопетеги со гол во 94. минута.

Со победата, Севилја се искачи на третото место на табелата со 46 поени, додека Осасуна е 12. со 31 освоен поен.

Scroll to Top