Top Sport

Луда прослава на фудбалерите на Ајакс (Видео)

Фудбалерите на Ајакс направија уште еден подвиг го елиминираа фаворизираниот Јувентус со Кристијано Роналдо и се пласираа меѓу четирите најдобри тима во Лигата на шампионите.

Младиот тим на Ајакс, синоќа им одржа лекција по фудбал на ѕвездите од Јувентус и со головите на Ван де Бек и Дде Лихт победи 2:1.

По завршувањето на натпреварот играчите на холанскиот тим со шампањско и луд танц ја прославија победата во соблекувалната. Журката ја водеше еден од најискусните и најдобрите во тимот, Душан Тадиќ.

Потоа тие повторно излегле на теренот за да прослават со своите навивачи, кои на стадионот во Торнино ги имаше околу 3.000 илјади.

Ајакс во полу-финалето ќе игра со победникот од англиското четврт-финале помеѓу Манчестер сити и Тотенхем (0:1).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');