Top Sport

Луда атмосфера на „Велодром“ – Нејмар изведува корнер под полициска заштита

„Ле класик“, славната пресметка меѓу лутите француски ривали Олимпик Марсеј и Пари Сен-Жермен имаше огнен почеток, откако навивачите на клубот од Марсеј приредија фанатична атмосфера на трибините, а Нејмар мораше да добие полициска заштита само да изведе еден корнер.

Непријателството меѓу Марсеј и Париз понекогаш ги надминува границите на добриот вкус, а засега Лео Меси во своето прво француско дерби имаше шанса да види луда кореографија и два контроверзно поништени гола, еден за ПСЖ во 14. минута и еден за домаќините седум минути подоцна.

Scroll to Top