Данска синоќа ја декласира Република Ирска со 5:1 и избори пласман на Светското првенство во Русија. Данците до триумфот во Даблин ги предводеше Кристихан Ериксе кој постигна хет-трик.
По завршувањето на натпреварот Данците знаеја како да го прослават пласаманот на Мундијалот.
Имено, тие истурија шампањ врз водителите на данската телевизија.
Данската телевизија имаше импровизирано студио на стадионот, во близина на трибината каде што беа сместени данските навивачи. Во моментот додека на прашањата одговараше поранешниот репрезентативец Ларс Јакобсен, неколкумина фудбалерите влегоа во кадар и со шампањско ги испрскаа водителката и својот поранешен колега.
Јакобсен беше шокиран од реакцијата, но професионално ја одработи емисијата.
The Danish players celebrate reaching the World Cup finals…
By drenching Lars Jacobsen and the Eurosport presenters in champagne ??? pic.twitter.com/h35cWIy3v8
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 14, 2017