Top Sport

Луда статистика – Кингсли Коман има 9 лигашки титули во 9 сезони!

Кингсли Коман, 24-годишниот фудбалер на Баерн Минхен може да се пофали со неверојатна статистика – ја освојувал лигашката титула во секоја година од неговата кратка професионална кариера.

Французинот во кариерата има освоено неверојатни 24 трофеи, вклучувајќи 9 лигашки титули, откако вчера Баерн ја осигураа германската круна.

Првата титула Коман ја освоил во 2012/13, кога првпат заигра за тимот на Пари Сен-Жермен, следната година го повтори успехот во Лига 1, пред да освои двојна титула со Јувентус, а низата продолжи и со Баерн Минхен.

Тој исто така го постигна и својот најзначаен гол минатата година, за 1:0 победа над ПСЖ во финалето ан Лигата на шампионите.

Scroll to Top