Разочарувачкиот камбек на Ромелу Лукаку во дресот на Челси продолжи вчера, кога белгискиот напаѓач имаше само седум допири на топката на мечот на „Селхарст парк“ против Кристал палас, од кои едниот допир беше на стартот на мечот.
Челси стигна до тешко извојувана 1:0 победа благодарение на голот на Хаким Зијеш, но повторно главна тема кај Англичаните е тоа што Лукаку беше незабележлив на теренот, посебно во првото полувреме, кога имаше два допири на топката – од кое едниот беше за одбележување на стартот на мечот.
Белгиецот останува на 5 гола во 17 настапи во Премиерлигата и менаџерот Томас Тухел нема одговор.
„Не сум сигурен дали имам добар одговор. Не знам што кажува таа статистика, освен дека не беше доволно вклучен во играта и не можеше да го направи своето. Не сум сигурен дали кажува нешто за нашиот тим“, изјави Тухел.
Легедарниот англиски напаѓач Алан Ширер, сепак, вели дека проблемот не е кај Лукаку.
„Јасно е дека Челси не работат на тренинг за да му доставуваат топки на Лукаку“, вели поранешниот напаѓач на Њукасл.
7 – Romelu Lukaku had just seven touches against Crystal Palace, the fewest in a single Premier League game for a player with 90+ minutes played since this data is available in full for the competition (2003-04). One of those touches was from kick-off in the first half. Quiet.
— OptaJoe (@OptaJoe) February 19, 2022