Top Sport

Луди 90 минути за Диего Марадона на „Крестовски“ (видео)

иего Марадона, нормално беше на трибините на „Крестовски“ во Санкт Петербург за да проследи во уште еден драматичен и контроверзен меч, неговата Аргентина да стигне до 2:1 победа над Нигерија и место во осминафиналето на Мундијалот.

„Шоуто“ на Диего почна и пред натпреварот, кога тој дојде со знаме на кое го имаше неговиот лик. Потоа, камерите го покажаа како слави како луд по првиот гол на Меси, за до крајот на полувремето да му се приспие.

Нервозното второ полувреме тој го „прослави“ со покажување на среден прст кон нигериските навивачи по голот на Маркос Рохо во финишот на натпреварот.

На крајот, Марадона мораше да добие помош за да се качи во ВИП-просторот на стадионот „Крестовски“.

Аргентина не е мртва! Рохо за осминафинале!

Scroll to Top