Top Sport

Лудило во Минхен – Левандовски со хет-трик за 23 минути!

Роберт Левандовски постигна два гола од пенал и еден од игра за да ги донесе Баерн Минхен до фантастично 3:0 водство над Ред бул Салцбург по само 23 минути игра на „Алијанц арената“ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Гол-серијата почна во 12. минута кога тој беше соборен во шестнаесетникот и немаше проблем од белата точка, а само девет минути подоцна беше досуден уште еден пенал за Баварците за 2:0. Две минути подоцна, Левандовски ја продолжи серијата со гол од игра! Првиот меч во Австрија заврши 1:1.

Со овие три гола, Левандовски веќе има 12 гола во Лигата на шампионите оваа сезона и дури 42 во сите натпреварувања за Баерн.

Scroll to Top