Барселона се толку очајни да ги исполнат правилата на шпанската Ла лига за финансиски ферплеј за да ги регистрираат своите нови засилувања, што се обиделе да направт „луд“ трик со купување на парите од сопствените ТВ-права во иднина за да ги прикажат како приходи, тврди шпанското радио „Копе“.
Според нивните извори, потегот бил целосно легален. Клубот продал 25 отсто од идните ТВ права и декларирал 667 милиони евра приход, но Ла лига прифатиле само 517 милиони евра поради „трикот“. Барселона прво формирала компанија „Локсли инвест“ заедно со американскиот инвестициски фонд „Сикст стрит“ со по 50 отсто акции, по што 25 отсто од правата биле продадени на „Локсли“, со што „Сикст стрит“ платиле 517 милиони евра за следните 25 години, додека Барса платила 150 милиони евра за да си ги откупи назад правата по крајот на тие 25 години.
И покрај ова, клубот е сигурен дека ќе обезбеди средства за регистрирање на фудбалерите, со повеќе можни извори на пари. Тие се блиску до договор за спонзорство со компанијата за криптовалути „WhiteBIT“, која ќе плати 20 милиони евра да биде на ракавите на нивните дресови, а постои и опција да продадат дополнителни 24.5 отсто од компанијата „Барса студиос“, кои веќе купија 24.5 отсто од компанијата која е задолжена за лиценцирани спортски продукти со логото на Барса.