Вилјареал на Унаи Емери полека се враќа во форма, со третата победа во низа во Ла лига, откако во луд меч со 5:2 го совладаа Алавес – прво имаа 2:0 водство, па гостите се вратија за 2:2, па дојде до низата голови во второто полувреме.
Жерар Морено во 17. минута и Булаје Дија во 28. минута донесоа убедливо 2:0 водство на „подморницата“, пред Алавес, кој грчевито се бори за опстанок, да се вратат. Пере Понс во финишот на полувремето намали на 2:1, пред Хоселу да израмни во 65. минута.
Дија во 76. минута со вториот гол ја врати предноста на Вилјареал, за само три минути подоцна Јереми Пино да зголеми на 4:2, а точка на мечот стави Морено во 88. минута. Вилјареал сега се на 9. место на табелата со 25 поени, додека Алавес се 18. со 15 поени.