Фудбалот на Балканот честопати знае да е опасна професија, но тоа што се случи во хрватската трета лига ги надминува границите на лудилото.
По крајот на мечот од Првата жупаниска лига во Дубровник, помеѓу Конављанин и Оребиќ навивачите на Конављанин успеаја да ги гаѓаат противничките фудбалери со бетонски блок! За среќа инцидентот помина без повреди, а по него следуваше општа тепачка на фудбалерите на двете екипи. Веќе е осомничен еден 45-годишник.