Top Sport

Лудница во Париз, преку 100.000 навивачи го чекаат почетокот на финалето

Француската престолнина Париз, вечерва ќе биде центар на фудбалскиот свет. Во предргардието Сен Дени, на стадионот Франција, Реал и Ливерпул ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.

Според проценките преку 100.000 навивачи на двата тима во последните 48 часа пристигнале во Париз. Медиумите тврдат дека во Париз има 70.000 фанови на Ливерпул, кои ќе се надеваат дека „црвените“ ќе го освојат седмиот трофеј во ова натпреварување, во клупската историја.

Во фан-зоната тие со еуфорија го пречекаа легендарниот фудбалер, а подоцна и тренер на Ливерпул, Кени Далглиш.

Навивачите на Реал посетата на Париз ја искористија да упатат навредливи пораки до Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач, го извиси „кралскиот клуб“, во последен момент ја смени одлуката и наместо преселба во Мадрид реши да остане во Париз.

 

Scroll to Top