Top Sport

Лудо прво полувреме на „Гудисон“ – Хамес постигна гол, па испровоцира два црвени!

Првото полувреме на мечот помеѓу Евертон и ВБА во второто коло во Премиер лигата ни донесе многу интересни моменти – фантастичен гол со петица на Калверт-Луин, деби гол за Хамес Родригез во Премиер лигата и два црвени картони за гостите, вклучувајќи го и тој на тренерот Славен Билиќ.

ВБА ги шокираше домаќините со голот на Диангана уште во 10-тата минута, но во 31. минута Калверт-Луин израмни, пред Хамес да постигне уште поубав гол од далечина. Мечот доби поинаква димензија откако Киеран Гибс го удри без топка Хамес и доби директен црвен картон, а тренерот Славен Билиќ потоа отиде да се расправа со судијата Мајк Дин, кој и нему му покажа картон.

Scroll to Top