Top Sport

Лудост во Португалија – навивач влета на теренот и почна да ги клоца фудбалерите

Порто ја продолжи победничката серија во португалската Примиера, триумфирајќи со 0:1 кај Виторија Гимараеш, но најголемо внимание на мечот предизвика инцидентот во финишот на мечот, кога еден навивач влета на теренот и се обиде да ги „шутира“ фубалерите на домашниот тим.

Навивачот сосема смирено се симна на тренерот и се доближи до фудбалерите на Виторија, пред да го клоцне првиот фудбалер двапати и да се насочи кон уште еден фудбалер, но него го утна, пред стјуардите да си ја завршат работата и да го отстранат од теренот.

Scroll to Top