Фелипе Мело вели дека намерно го „копира“ Серхио Рамос, откако го доби својот 23. жолт картон во 2018 година во текот на викендот.
Играчот од среден ред, кој има прекар „бесно куче“, го доби картонот во 3:1 победата на неговите Палмеираш над Крузеиро во неделата, уште во 37. минута, по што се воздржа да не добие црвен картон. Во последните 20 настапи тој има 11 жолти картони и еден црвен.
„Сакав да бидам Серхио Рамос, кој добива жолт картон, жолт картон, жолт картон, па потоа победува во Лигата на шампионите и на Светското првенство“, вели Мело.
Рамос има фантастични 24 црвени картони во кариерата (од кои рекордни 19 во Ла лига), и стотина жолти картони.
Felipe Melo recebeu hoje o 11º cartão amarelo dele no Brasileirão. Depois do jogo, o volante afirmou que “não está aqui para agradar”, mas pediu justiça ao analisarem os cartões dele pic.twitter.com/EcUCy6WLMM
— globoesportecom (@globoesportecom) September 30, 2018