Top Sport

Луис Енрике е нов селектор на Шпанија

Луис Енрике ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, објавија медиумите во оваа земја. „Марка“, пишува дека 48-годишниот тренер е избор на претседателот на Сојузот, Луис Рубиалес.

Енрике на селекторската функција ќе го замени Хулен Лопетеги, кој доби отказ два дена пред стартот на Светското првенство, бидејќи не го известил Сојузот дека преговарал и потоа потпишал договор со Реал Мадрид.

Шпанија, на Светското првенство од клупата ја предводеше спорскиот директор Фернандо Јеро.

Јеро ги напушти сите функции во репреезентацијата по испаѓањето на Шпанија, во осмина-финалето, на Светското првенство.

Луис Енрике, во периодот од 2014 до 2017 година, како тренер на Барселона, освои две првенства и три Купа на Шпанија, а успеа да триумфира и во Лигата на шампионите.

Во мај минатата година ја напушти Барселона и оттогаш е без работа. Во кариерата работел и во Рома, односно Селта.

Scroll to Top