Top Sport

Луис Енрике не би работел во Премиерлигата (освен со тим со големи амбиции)

Поранешниот тренер на Барселона и поранешен шпански селектор, Луис Енрике ги намали шансите ова лето да преземе клуб од Премиерлигата, посочувајќи дека би сакал да биде во тим со големи амбиции.

Енрике е без работа откако си замина од селекторското место во Шпанија по слабиот настап на СП во Катар, и англиските медиуми шпекулираа дека тој е фаворит да го замени Антонио Конте на клупата на Тотенхем, но тој вели дека не се брза да најде нова работа.

„Би сакал да работам во Англија, но не се гледам таму следниот јуни. Би сакал да бидам во клуб во кој можам да правам важни работи и тоа е многу тешко да се нјде. Не би одел во ниту еден премиерлигаш“, вели Енрике.

Тој додава дека добил понуди од некои репрезентации.

„Добивам понуди од репрезентации, но не од клубови. Би требало да се најде навистина важна репрезентација за да прифатам, иако би ми било тешко да играм против Шпанија. Не знам дали сум подготвен за тоа“, додава Шпанецот.

Scroll to Top