Top Sport

Луис Енрике: Во ПСЖ не смее да има опсесија со Лигата на шампиони

Новиот тренер на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике вели дека не треба да постои опсесија во клубот за успех во Лигата на шампиони. ПСЖ стартуваат против Борусија Дортмунд на „Паркот на принцовите“ и Шпанецот сакаше да ги „олади“ очекувањата на навивачите.

„Кога еден клуб е опседнат со нешто, тоа не е добар знак. Морате да имате амбиции, но опсесијата не функционира во фудбалот, како што не функционира во никој дел од животот. Сакаме да играме, да го дадеме максимумот на нашите навивачи, но не смее да има опсесија“, вели Енрике.

ПСЖ последните години се мачат токму со успехот во Лигата на шампионите и покрај огромните инвестиции во клубот и огромните очекувања. Но, сега, без Нејмар и Лионел Меси, составот кој влегува во новата сезона е целосно различен од тој кој испаѓаше од ЛШ, понекогаш на понижувачки начин.

Scroll to Top