Шпанскиот селектор Луис Енрике ги отфрли шпекулациите дека може да биде заменик на Оле Гунар Солскјер во Манчестер јунајтед, откако наводно Кристијано Роналдо советувал да биде тој ангажиран, велејќи дека први април дошол прерано.
Со сега веќе испразнетото место на клупата на „Олд Трафорд“ беа поврзувани многу имиња, од Зинедин Зидан, преку Брендан Роџерс и Маурисио Почетино, до Ерик Тен Хаг, но денеска на оваа листа се додаде и Енрике, кој е на чело на шпанската репрезентација од 2018, откако претходно имаше успеси со Барселона. На прашање дали би одбил толку голем клуб како Јунајтед, Енрике беше јасен.
„Дали веќе е први април? Веќе сум во најголемиот тим со Шпанија со над 5.000 фудбалери“, изјави 51-годишниот Енрике за „Ла секста“.