Top Sport

Луис Фиго откри зошто од Барса се преселил во Реал

Еден од најконтроверзните фудбалски трансфери се случи во 2000 година, кога Луис Фиго реши од Барселона да се пресели во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ за Португалецот плати 62 милиони евра, а Фиго го навлече гневот на фановите на Барса. Иако од тој трансфер поминаа 19 години, фановите на Барса не му го простиле предавството.

Славниот португалски фудбалер, кариерата ја започнал во Спортинг Лисабон (1989-1995), потоа играл за Барселона (1995-2000), Реал Мадрид (2000-2005) и Интер (2005-2009).

Во едно интервју тој открил зошто во 2000 година решил да ја прифати понудата на Реал Мадрид.

„Кога сакате промени, секогаш го сакате најдоброто за себе. Првата логична промена ја направив кога до Португалија се преселив во Шпанија. Бев млад и барав предизвик. Потоа од повеќе причини заминав во Реал. Сакав трофеи, сакав да напредувам во сите сегменти…На крајот заминав во Интер бидејќи ја барав својата фудбалска среќа“, рекол Фиго.

Иако во Реал заминал по трофеи, во Мадрид не освои повеќе од она што претходно го освоил со Барселона. Португалецот и со реал и со Барселона освоил по седум трофеи, разликата е само во една титула, онаа во Лигата на шампионите освоена со Реал во 2002 година.

За Барса, Фиго одиграл 249 натпревари на кои постигнал 45 гола, додека во Реал учинокот му е 239 натпревари и 57 гола.

Scroll to Top