Напаѓачот на Алмерија, Луис Суарез, пристигна во Лисабон на медицински прегледи, а потоа треба да потпише договор со Спортинг, објавува „А Бола“.
Спортинг го ангажира Суарез како замена за Виктор Ѓокереш, кој треба да го комплетира трансферот во Арсенал по месеци преговори и шпекулации.
Алмерија од трансферот на 27-годишниот колумбиски напаѓач ќе заработи 20 милиони евра, плус одредени бонуси.
Foto/ EPA