Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ќе биде во аут најмалку две недели откако шпанскиот шампион потврди дека тој ќе оди на третман со матични клетки на неговото десно колено.
Уругвајскиот голгетер има болки во коленото подолго време и не е дел од тимот на Барса за мечот од Лигата на шампиони против ПСВ Ајндховен во среда.
Во аут е и Сержи Роберто, кој ќе мора да паузира три недели поради повредата на бутниот мускул добиена на мечот со Атлетико Мадрид во саботата. Рафиња е во аут цела сезона поради повреда на лигаментите на левото колено, исто така добиено на мечот со Атлетико, а „болницата“ се комплетира со повредата на бутниот мускул на Артур.
Единствена добра вест би било враќањето на Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо во составот по кратката пауза поради повреди.
Фото: ЕПА
✅ @Phil_Coutinho & @ivanrakitic
❌ @LuisSuarez9 , @arthurhromelo & @JasperCillessen
More info, here ? https://t.co/CN0Y6O26xe
#PSVBarça pic.twitter.com/Co5XpYqls7— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 26, 2018